Кога осум пајчиња паднале во канализација, нивната мајка го направила она што би и секоја – побарала помош. Реј Петерсон за оваа необична случка истакнал дека бил збунет кога видел како патка го влече за пантолоните додека патролирал.
– Прво ја оттурнав, но таа не се откажуваше, раскажува Петерсон.
Патката била упорна, го тегнела за пантолоните повторно кога сакал да си замине, а потоа отишла до канализацијата, седнала и чекала тој да дојде.
– Отидов до местото каде лежеше патката и видов пајчиња во водата под решетката, додава Петерсон.
Со помош на дигалка решетката била крената, пајчињата извадени од канализацијата и заедно со мајката биле однесени на безбедно во блиското езерце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)