| четврток, 6 декември 2018 |

Моќен богаташ се обидел да ја заведе, а потоа ја најдоа мртва: Тајниот додворувач на Јелена паднал на полиграф

jelena

Тајниот додворувач на убиената пејачка Јелена Марјановиќ Крсмановиќ неодамна бил приведен во полиција на сослушување каде паднал на полиграф тестот. Во истрагата инспекторите дошле до сознанија дека мажот и се додворувал подолго време, пред таа да биде пронајдена мртва во близина на својот дом.

– На полиграфот не помина на неколку клучни прашања за неговиот однос со Јелена. Сепак, прерано е да се тврди дека тој го извршил убиството или има некоја поврзаност со него, вели полициски извор.

Таинствениот додворувач е успешен и влијателен бизнисмен кој неодамна отворил нов хотел, а со Јелена го запознала негова пријателка.

– Тој бил во врска со пријателка на Јелена, но набрзо почнал да и се додборува и на пејачката. Таа постојано го одбивала, а сега инспекторите се обидуваат да дознаат што точно се случувало, особено заради фактот што тој бил лут бидејќи Јелена не го прифатила додворувањето, додал изворот за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top