На 9 октомври, пред точно 12 години, на Градскиот стадион во Скопје допатува Холандија, тогаш една од најмоќните светски фудбалски селекции, а Македонија успеа да ја сопре и да одигра 2-2. Горан Пандев и Ацо Стојков беа тогаш стрелци на головите за македонскиот национален тим.
Капитенот Горан Пандев и вечерва ќе ја предводи Македонија против Италија, земјата во која повеќе од една деценија го печали фудбалскиот леб, а ние веруваме дека можеби има нешто во овој датум, 9 октомври. Можеби можеме до ново чудо, овојпат да ги сопреме „аѕурите“. Тоа е според нивната богата историја, најтрофејната селекција која некогаш допатувала во Македонија, со четири светски титули на својот грб. Но, Македонија умее да одигра најдобро токму против најдобрите…
На 9 октомври, пред две години, Македонија ја оствари и последната победа во квалификациите. Го победивме Луксембург со 3-2, а и тоа беше мало чудо. Со оглед дека губевме со 1-2, а потоа за десетина минути дојде и пресвртот за победа од 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)