45-годишник од Кина во понеделникот со часови трпел несносливи болки откако успеал да си ги зароби тестисите меѓу два моќни магнети, додека доцна во ноќта применувал магнетска терапија.
Несреќникот околу пет наутро ги викнал пожарникарите на помош, но бидејќи ни тие до сега немале вакво искуство, го префрлиле во болница, каде исто така, немале среќа.
Ниту докторите не знаеле што да прават, па долго договарале со пожарникарите што да се преземе. За тоа време низ криците на несреќникот се слуша како вели дека тој ќе ја преземе одговорноста ако нешто тргне наопаку.
Во болницата бил повикан и производителот на магнетите, но откако ни од таму немале решение, тргнале во ризик со хидрауличен сечач.
Вештите раце на пожарникарите успеале да го пресечат магнетот, па по неколкучасовна борба тестисите биле на слобода. Уште посреќна била и веста дека тие не биле неповратно оштетени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)