Несудениот свештеник Радош Стевлиќ наместо крстот и молитвеникот во рака зел оружје и пред половина век тргнал во борба против Јосип Броз Тито. За една српска телевизија тој вели дека уште како дете верувал дека Тито бил олицетворение на злото.
-Тито беше еден вид на Зевс, врхунски бог кој е недопирлив. Мислам дека комунизмот бил најлош систем на владеење уште од Адам и Ева- вели Стевлиќ. Тој раскажува дека 1944 година се случило нешто што му го сменил размислувањето, а тоа било обвинувањето дека бил четник, па заканите од комунистите дека ќе го убијат. Три децении потоа, студентот од Теолошкиот факултет станал дел на групата која се подготвувала да го ликвидира југословенскиот маршал.
– Главните организатори беа во Њујорк, во Торонто браќата Станојевиќ, Ѓорѓе Граховиќ во Охајо, Никола Живовиќ и јас бевме во Чикаго, а не поврза Никола Каваја. Не користевме телефони, секаде се прислушуваше- раскажува атентаторот.
Својот прв бомбашки напад на титовата Југославија симболично го извеле на Свети Сава во седумдесетите години.
-Првата акција ја нарековме „шест светосавски бомби“. ШЕст бомби експлодираа во исто време во сите конзулати и амбасади на Југославија во Њујорк, Торонто, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско и Кливленд- раскажува Стевлиќ.
Но тоа за што известуваа американските медиуми беше обидот за убиство на Тито.
-Сметавме дека е неопходно да се тргне Јосип Броз. Најблизу до тоа бевме кога по втор пат доаѓаше во Америка, во Филаделфија, тогаш имавме снајперсти кои го чекаа да го тргнат при одењето од авионот до терминалот- објаснува Стевлиќ.
Групата немала успех ни тогаш, ниту кога Тито бил во посета на Белата Куќа, бидејќи не можело да се пријде до неговиот автомобил. Следеле апсења, судења и затвор заради тероризам. Радош Стевлиќ одлежал 10 години, иако и самиот признава дека имало можност да добие и максимални 65 години затворска казна.
Сега вели, никогаш не би се вратил по истиот пат.
-Сите удривме со глава в ѕид, ѕидот остана цел, главите се распукаа- заклучува Стевлиќ за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)