| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во Минск: Тероризам со моторна пила

Маскирани мажи упаднале денес во трговски центар во Минск и започнале крвав поход. Повредиле неколку лица, а една жена убиле. Шокираните очевидци велат дека напаѓачите со моторна пила и секира тргнале кон првата личност која ја здогледале, пренесува британскиот Мирор.

Полицијата потврдила дека едно лице починало, но не објавила дали знаат кој е мотивот за нападот.

policija-minsk-640x360

Според изјави на очевидци кои ги пренесуваат медиумите, маскиран напаѓач се доближил до жената, за која се верува дека е на возраст од 30 години, која била најблизу до неа и ја обезглавил.

Медиумите пишуваат дека напаѓачот има 18 години, а во нападот во трговскиот центар повредени биле уште неколку лица, меѓу кои и 46 годишна жена. Жртвата е триесетгодишна жена сопственичка на една од продавниците во трговскиот центар.

minsk-napadПортпаролот на локалната болница во изјава за медиумите потврдил дека хоспитализирана е жена која има повреди во градите и рамото нанесени од секира. Во моментов таа се наоѓа под лекарски третман.

Полицискиот портпарол потврдил дека напаѓачот е уапсен и замолил да не се шири паника на социјалните мрежи и да се престане со шпекулации околу овој настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top