| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица приведени во полициската операција во Хемниц

Германската полиција соопшти денеска дека пронашла неколку стотини грама експлозивен материјал во станот на Сириецот, по кој трага поради сомнение дека подготвувал бомбашки напад во градот Хемниц, како и дека притворила три лица, кои се поврзани со него.

Полицијата на Твитер објави дека се неопходни нови мерки за евакуација, откако е пронајден експлозивот.

Портпаролот на полицијата во Саксонија Том Бернхардт изјави дека експлозивниот материјал бил релативно добро скриен во станот, во кој полицијата денеска упаднала.

Тој додаде дека полицијата го испитува трите приведени лица, надевајќи се дека тие ќе и пружат информации, кои би можеле да помогнат во пронаоѓање на осомничениот.

Полицијата се уште трага по осомничениот, кој е идентификуван како 22-годишниот Џабер Ал Бакр од Сирија.

Полицијата во германската покраина Саксонија издаде потерница по Ал Бакр, кој е роден во Сирија во јануари 1994 година.

Во потерницата се наведува дека Ал Бакр е облечен во црн дуксер со качулка и е осомничен за подготвување бомбашки напад.

Полицијата претходно окупираше станбена зграда во Хемниц, поради сомневање дека во станот се наоѓаат експплозивни направи и оти е можен бомбашки напад.

Тој одредено време бил под полициско набљудување и планирал напад врз еден германски аеродром, јавуваат германски медиуми.

Околу 13 часот се слушнала силна експлозија и полицијата ги предупредила граѓаните да не излегуваат на улиците и да ги следат полициските наредби. Затворени се околните улици, а полицијата ја спровела евакуацијата.

– Се сомневаме дека подготвувал терористички бомбашки напад, изјави портпаролката на криминалистичката полиција од Дрезден.

„Билд“ додава дека експлозијата ја предизвикала полицијата додека се обидувала да влезе во станот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top