| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да ја препознаете: Таа ни е една од омилените актерки, боледува од рак, но танцува од срце

Славната актерка Шенон Дорети, која ја обожувавме во улогите во „Маѓеснички“, но и во „Беверли Хилс“, сега уште повеќе ја обожуваме бидејќи е вистински борец и со насмевка му се спротивставува на ракот.

Актерката денеска секојдневно посетува хемотерапија, а сето тоа е многу болно, но таа сепак секое утро го дочекува со насмевка.

-По хемотерапијата, верувам дека движењето навистина помага во процесот на лечење. Не секогаш е лесно, па се случува да има денови кога едноставно сум премногу уморна за да вежбам. Кога вежбам ми циркулира крвта и ми помага да ги исфрлам токсините од организмот. Вежбањето е лек за секоја болест, вели во видео на Инстаграм, актерката.

Таа на Инстаграм постојано објавува фотографии и видеа, се со цел да помогне и на другите кои се лечат од рак, да можат полесно да се справам со болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top