Германската полиција соопшти дека упаднала денеска во станбена зграда, откако добила информација дека се планира бомбашки напад и ги евакуирала жителите од соседната зграда, јави ДПА.
Полицијата употребиле сила за да влезе во зградата. Во полициското соопштение објавено на Твитер се наведува дека експлозијата, која се слушнала е дело на полицијата и се додава дека лицето, кое било цел на акцијата, не било пронајдено.
– Ве замолуваме да останете во становите во рамки на отцепената зона и почитувајте ги наредбите на полицијата кои ќе бидат дадени на лице место, се наведува во предупредувањето кон жителите на квартот Фриц Хекерт Гебијт во источногерманскиот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.