Моторџии од Македонија заедно со колегите од Сплит во Хрватска, Марибор во Словенија, Лесковац и Врање во Србија пристигнаа на велешкото езеро „Младост“. На езерскиот брег забавата со име „Мото бич парти“ собра на едно место 800 мотористи. Забавата е традиционална, а возењето стандардно на јамахи, чопери, хонди и уште неколку познати марки на мотори. И кога веќе сите пристигнаа на паркингот на хотелот „Романтик“ се подготвија за дефилето по локалниот пат до Велес како и низ централата градска улица се до споменикот на Илинденците, а потоа назад кон езерскиот брег.
– Штом заврши дефилето започна подготовката за забавата. Се посетија штандовите за опрема, се купија маици со знакот на манифестацијата и задолжителниот билет за присуство на забавата. А додека се чекаше на сцената да излезе првиот бенд трио Давид се стартираше во место и се разгледуваа моторите. Се аплаудираше. И се така додека не почна забавата на која главниот збор го имаше Драган Б. Костиќ а потоа и легендарните „Леб и сол“, информираат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моторџиите од клубот „Ноќни Волци“ возат низ цела Америка од исток до запад! (галерија)
-
Моторџии на чело на колоната на 45. ден од протестите: Граѓаните нема да дозволат тиранска влада (Фото)
-
Моторџиите ќе го предводат денешниот марш- даваат поддршка „За заедничка Македонија“
-
Некои смрзнуваат, некои се капат на -15: Тројца велешани на капење во Велешко езеро на -15 (видео)