| четврток, 6 декември 2018 |

Лошото време не ги спречи да се забавуваат: моторџиите на журка на велешко езеро

Моторџии од Македонија заедно со колегите од Сплит во Хрватска, Марибор во Словенија, Лесковац и Врање во Србија пристигнаа на велешкото езеро „Младост“. На езерскиот брег забавата со име „Мото бич парти“ собра на едно место 800 мотористи. Забавата е традиционална, а возењето стандардно на јамахи, чопери, хонди и уште неколку познати марки на мотори. И кога веќе сите пристигнаа на паркингот на хотелот „Романтик“ се подготвија за дефилето по локалниот пат до Велес како и низ централата градска улица се до споменикот на Илинденците, а потоа назад кон езерскиот брег.

Штом заврши дефилето започна подготовката за забавата. Се посетија штандовите за опрема, се купија маици со знакот на манифестацијата и задолжителниот билет за присуство на забавата. А додека се чекаше на сцената да излезе првиот бенд трио Давид се стартираше во место и се разгледуваа моторите. Се аплаудираше. И се така додека не почна забавата на која главниот збор го имаше Драган Б. Костиќ а потоа и легендарните „Леб и сол“, информираат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top