Денеска 45-ти ден по ред како граѓаните излегуваат на улиците низ целата држава да кажат „НЕ“ за Тиранската платформа, која ја доведува унитарноста и суверенитетот на оваа држава во прашање. Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кажа дека и денеска граѓаните се блиску до победа, да не дозволат да дојде до избор за претседател на Собранието, кој не ја отфрлил Тиранската платформа.
– Тука пред владата на Република Македонија, која не е поставена на никаква Тиранска платформа, по 45-ти пат доаѓаме за да кажеме дека нема да дозволиме тоа да се случи. И денеска 20 минути до крајот на седницата во Собранието на Република Македонија, повторно сме на прагот на уште една голема победа. Но, за да се осигураме дека победата ќе дојде, ќе тргнеме ние кај нив, изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моторџиите од клубот „Ноќни Волци“ возат низ цела Америка од исток до запад! (галерија)
-
Атанас Илиевски: Пајче, да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа
-
Арнаудов, Дамовски и Илиевски пуштени дома
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено