Фудбалерите на Франција го забележаа првиот триумф во квалификациите за СП 2018 победувајќи во 2. коло од Групата А против Бугарија на „Стад Д’Франс“ со убедливи 4-1.
Бугарите први поведоа уште во 6. минута со голот од пенал на Александров, но тоа само ги налути „петлите“ кои потоа четири пати погодија, двапати Гамеиро, плус и Пајет и Гризман за конечни 4-1.
Во оваа група немилосрдна беше и Холандија која со истиот резултат славеше против Белорусија.
Во Групата Б, Португалија ја понижи Андора славејќи со 6-0. Кристијано Роналдо четири пати се запиша во листата на стрелците. Кансело во 44. минута и Силва во 86. минута ги постигнаа останатите голови за Португалците.
Швајцарија во оваа група славеше на гостувањето против Унгарија со 2-3. Најпрво Сеферовиќ во 51. минута ги доведе Швајцарците до водство од 0-1. Но, Салаи израмни во 53. минута, за да Родригез во 63. минута ја доведе Швајцарија во водство. Откако во 72. минута Салаи повторно израмни, во 90. минута Стокер донесе победа за Швајцарците од 2-3.
ГРУПА А – 2. коло
Луксембург – Шведска 0-1
Франција – Бугарија 4-1
Холандија – Белорусија 4-1
ТАБЕЛА: Франција 4 бода, Холандија 4. Шведска 4, Бугарија 3, Белорусија 1, Луксембург без бодови
ГРУПА Б – 2. коло
Унгарија – Швајцарија 2-3
Португалија – Андора 6-0
Летонија – Фарски острови 0-2
ТАБЕЛА: Швајцарија 6 бода, Ф. Острови 4, Португалија 3, Летонија 3, Унгарија 1, Андора без бодови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.