| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Карпош доби „Климатска ѕвезда“

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски синоќа во градот Кремс во Долна Австрија, го прими меѓународното признание „Климатска Ѕвезда 2016“.

Признанието кое е од сферата на заштитата на човековата околина и заштеда на енергија го доделува Климатската Алијанса,  најголемата мрежа на градови, општини, региони и организации со 1.700 членки од 26 земји од Европа.

Како што соопшти Општина Карпош, наградата ја добиле за реализацијата на проектите за реконструкција на 164 на колективни станбени објекти со енергетски ефикасни фасади,  повратот на  дел од средствата на физички и правни лица кои изградиле енергетски ефикасни објекти, за затоплувањето на училиштата во локалната самоуправа и на новата општинска зграда со обновливи извори на енергија и за замената на севкупното улично осветлување со „штедливи“ светилки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top