Повеќето од нас се раѓаат без или со малку коса. Но тоа не е случај со Џуниор Кокс-Нун од Брајтон, Англија.
Ова бебе има само 9 недели и има толку многу коса што загрижени сме колку пари за фризер во животот ќе мораат да дадат неговите родители.За среќа, неговата мајка Челзи е фризерка.
Но и таа има проблеми со одржувањето на фризурата на Џуниор. Вели дека неговата коса е толку густа што не може да се исуши по природен пат и мора да биде исушена со фен, пренесува Дејли Меил.
Иако е само бебе, Џуниор си ја обожава својата фризура и плаче секој пат кога мајка му ќе се обиде да му стави капче. Не можеме да го обвинуваме за тоа, оваа величествена фризура заслужува да биде видена!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)