За оние кои сакаат понекогаш да „ѕирнат“ во талогот од кафе за да ја видат иднината, ви го откриваме значењето на бројките.
Кога гледате во филџан, обрнете внимание на значењето на броевите за да не ги толкувате погрешно, еве кое значење го имаат:
1.Значи дека имате моќ, можете да смените се од корен
2.Означува мирољубивост, ќе дојде до договор без пртисок и условување
3.Тројка е бројот на љубомората. Може да дојде до љубоморни сцени
4.Четворката е бројот на работа и професионални успеси. Ако во филџанот го видите овој број радувајте се затоа што успехот е пред вашата порта
5.Ова е бројот на љубовта и страста. Во филџанот често претставува забранета љубов или дури и прељуба
6.Ако ја видите оваа бројка можно е дека од вас ќе бараат да се жртвувате за нешто. Често пати тоа е добар знак, но внимавајте некој да не ве измами
7.Ќе дојде до голема измама. Ќе ве измами некој исклучително интелигентен
8.Ќе ги победите стравовите. Осмицата претставува голема борба и голема победа
9. Деветка е бројка на оптимизмот. Ако ја видите во филџанот значи дека ве очекува многу убав период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.