| четврток, 6 декември 2018 |

По­ве­ќе сум Ма­ке­до­нец во ср­це­то откол­ку Афри­ка­нец

Си­мон По­ли­карп – Џи­ми од Ни­ге­ри­ја во Ма­ке­до­ни­ја за прв­пат до­шол есен­та 1977 го­ди­на за­ед­но со уште 1.000 мла­ди Ни­ге­риј­ци, кои би­ле при­ме­ни во сред­ни­те учи­ли­шта во то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Од нив 42 за­пи­ша­ле тек­стил­но учи­ли­ште во Штип, а 18, ме­ѓу кои и Џи­ми, ру­дар­ско во Про­би­штип. По за­вр­ше­но­то сред­но обра­зо­ва­ние, си­те се вра­ти­ле и оста­на­ле во Ни­ге­ри­ја, освен Џи­ми. Во Јо­ла, гра­дот од кој по­тек­ну­ва и кој има ре­чи­си два ми­ли­о­на жи­те­ли, ка­де што му се бра­ќа­та и се­стри­те, се вра­тил са­мо на ед­на го­ди­на за да ги одра­бо­ти за­дол­жи­тел­ни­те 12 ме­се­ци ка­ко вла­дин сти­пен­дист. По­тоа се вра­тил и за­се­ко­гаш оста­нал во Штип. Оже­нет е со скоп­јан­ка­та Бил­ја­на, со ко­ја има два си­на. Пре­ка­рот Џи­ми го до­бил уште пр­ва­та го­ди­на во Про­би­штип, по­ра­ди ма­и­ца­та што нај­че­сто ја но­сел, со лик на не­го­ви­от оми­лен ре­ге-пе­јач Џи­ми Kлиф од Ја­мај­ка. Со­у­че­ни­ци­те мис­ле­ле де­ка са­ми­от си ги от­пе­ча­тил име­то и ли­кот на ма­и­ца­та, па за­тоа го за­ви­ка­ле Џи­ми. Ја са­ка Ма­ле­ше­ви­ја­та и ужи­ва да ја­де тав­че-грав­че. Тој за „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва де­ка по­ве­ќе се чув­ству­ва ка­ко Ма­ке­до­нец откол­ку ка­ко Афри­ка­нец, а да­ли ќе се вра­ти на­зад, Џи­ми ве­ли: „Са­мо гос­под знае“.

Од ко­га сте во Ма­ке­до­ни­ја?

Џи­ми: Во Ма­ке­до­ни­ја дој­дов во 1977 го­ди­на во октом­ври. Ту­ка дој­дов пре­ку про­гра­ма­та раз­ме­на на уче­ни­ци со не­вр­за­ни зем­ји. Бев за­пи­шан во Ру­дар­ско-ге­о­ло­шко­то учи­ли­ште во Про­би­штип. Ов­де за­вр­шив сред­но обра­зо­ва­ние, се вра­тив по­втор­но во Афри­ка, би­деј­ќи тоа бе­ше глав­ни­от ус­лов на про­гра­ма­та, од­нос­но отка­ко ќе го за­вр­ши­те обра­зо­ва­ни­е­то се вра­ќа­те во ма­тич­на­та зем­ја и та­му ра­бо­ти­те ед­на го­ди­на. Се­пак, мо­е­то ра­бот­но искус­тво во Афри­ка не бе­ше тоа што оче­ку­вав, од­го­вор­ни­те та­му не ја по­ка­жу­ваа по­треб­на­та по­чит кон вра­бо­те­ни­те, тоа ме­не, на­ви­сти­на, не ми се до­па­ѓа­ше, по­ра­ди тоа, све­сен за сво­јот ка­па­ци­тет, ре­шив да се до­о­бра­зу­вам, се вра­тив во Ма­ке­до­ни­ја за да за­вр­шам фа­кул­тет.

Дој­до­вте од ме­сто што, на­ви­сти­на, мно­гу се раз­ли­ку­ва од на­ша­та зем­ја, има­вте ли те­шко­тии да се прис­по­со­би­те на жи­во­тот ов­де?

Џи­ми: Ко­га дој­дов­ме од Ни­ге­ри­ја бев­ме 1.000 лу­ѓе рас­пре­де­ле­ни низ Ју­гос­ла­ви­ја. Па од 40 сте­пе­ни дој­дов­ме на – 7, ма­ке­дон­ски­от ја­зик бе­ше, на­ви­сти­на, те­шко да се на­у­чи, по­тоа раз­лич­но­сти­те со хра­на­та. На­ско­ро тие раз­ли­ки вра­ти­ја око­лу 700 Афри­кан­ци на­зад. Но јас ре­шив да оста­нам и да се из­бо­рам со си­те пре­диз­ви­ци. Спо­ред стан­дар­ди­те, стран­ски ја­зик тре­ба да се на­у­чи од шест до се­дум ме­се­ци, јас од зорт и со ли­чен при­ти­сок ма­ке­дон­ски­от ја­зик го на­у­чив за три ме­се­ци. На­у­чив да чи­там, збо­ру­вам и да пи­шу­вам. Одев на курс во цен­тар за стран­ски ја­зи­ци по че­ти­ри ча­са. Во сло­бод­но вре­ме, пак, одев од ку­ќа во ку­ќа, им тро­пав на вра­та на лу­ѓе­то за пре­ку ко­му­ни­ка­ци­ја со нив да на­у­чам што по­до­бро да збо­ру­вам. Од не­кои имав раз­би­ра­ње, топ­ло ме при­маа во сво­јот дом, пре­ку раз­го­вор ме учеа да збо­ру­вам, јас пи­шу­вав што зна­чи се­кој збор.

Вие сте же­нет за Ма­ке­дон­ка и за­ед­но има­те две де­ца, ка­ко ја за­поз­на­вте Ва­ша­та со­пру­га?

Џи­ми: Сту­дент­ски­те за­ба­ви се ви­нов­ни за на­ша­та сред­ба. Ко­га се вра­тив да сту­ди­рам ов­де, ка­ко и се­кој сту­дент, са­кав да ги по­се­ту­вам и за­ба­ви­те ка­де што има­ше мно­гу дру­же­ње, по­себ­но за­ба­ви­те што беа во чест на сту­ден­ти од дру­ги др­жа­ви. На ед­на та­ква за­ба­ва ја за­поз­нав и мо­ја­та со­пру­га. На­ша­та ко­му­ни­ка­ци­ја про­дол­жи и пре­рас­на во го­ле­ма љу­бов. Де­нес јас и Би­ба сме гор­ди ро­ди­те­ли на двај­ца пре­крас­ни си­но­ви.

1378505_1423695017847173_1756338744_n

Ко­га поч­на­вте да ра­бо­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја?

Џи­ми: Отка­ко се ро­ди мо­јот прв син мо­рав да ги пре­ки­нам сту­ди­и­те и да поч­нам да се гри­жам за се­мејс­тво­то, та­ка поч­на и мо­ја­та по­тра­га по ра­бо­та. Пр­во отво­рив ка­фу­ле, кое ра­бо­те­ше ед­на го­ди­на, по­доц­на ре­сто­ран и по­на­та­му сенд­ви­чар­ни­ца, се­то ова се од­ви­ва­ше до 2000 го­ди­на. Од 2000 го­ди­на, пак, ја ре­ги­стри­рав­ме фон­да­ци­ја­та „Га­ли­леј бал­канс“ во Штип за под­др­шка и за по­мош на ин­сти­ту­ци­и­те што ра­бо­тат со лу­ѓе со по­себ­ни по­тре­би, а и за ос­тва­ру­ва­ње ди­рект­ни кон­та­кти со лу­ѓе со та­кво се­мејс­тво. По­ма­га­ме во нај­си­ро­маш­ни­те на­се­ле­ни ме­ста. Ов­де до­а­ѓа­ат струч­ни ти­мо­ви од Ир­ска, Анг­ли­ја, Аме­ри­ка. Се вр­шат бесп­лат­ни прег­ле­ди и се да­ва­ат ле­ко­ви. По­ма­га­ме и ини­ци­ра­ме да се по­ма­га, се­ка­де ка­де што е по­треб­но по­мош.

Вие ов­де сте по­ве­ќе од 30 го­ди­ни, Ви бе­ше ли те­шко да ос­тва­ри­те при­ја­телс­тва?

Џи­ми: Ре­ак­ци­и­те на лу­ѓе­то на по­че­то­кот беа ин­те­рес­ни би­деј­ќи мно­гу­ми­на од нив прв­пат гле­даа цр­но­му­рен чо­век. Се­га тоа е по­и­на­ку би­деј­ќи јас сум ко­му­ни­ка­тив­на лич­ност и не оста­вам про­стор лу­ѓе­то да од­би­јат да ме за­поз­на­ат, имам мно­гу при­ја­те­ли и, на­ви­сти­на, сум сре­ќен по­ра­ди тоа.

1383048_1423694991180509_1063884581_n

Што Ви се до­па­ѓа најм­но­гу ов­де? По­стои ли ме­сто во зем­ја­та ка­де што по­себ­но са­ка­те да по­ми­ну­ва­те вре­ме?

Џи­ми: Ма­ле­ше­ви­ја­та, спо­ред ме­не, е нај­у­бав дел на Ма­ке­до­ни­ја, таа е го­ле­мо при­род­но бо­гат­ство на оваа зем­ја, а ако ѝ се по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние, мо­же да би­де ед­но од нај­у­ба­ви­те ме­ста на Бал­ка­нот. Ко­га до­а­ѓа­ат мои при­ја­те­ли од дру­ги зем­ји, ко­га имам мож­ност ги но­сам ток­му во овој крај. Се­ка­ко, са­кам да ја ви­дат и уни­кат­но­ста на ма­ке­дон­ски­те ма­на­сти­ри, а мо­рам да истак­нам и де­ка не сум единс­тве­ни­от што охрид­ски­от би­сер го оста­ва без здив. Нај­че­сто пра­вам спо­ред­ба да се ви­ди ка­ко жи­ве­ат лу­ѓе­то од источ­ни­от и од за­пад­ни­от дел на зем­ја­та, но зак­лу­чо­кот е се­ко­гаш ист, на­ро­дот е спло­тен и се­ко­гаш рас­по­ло­жен за но­во до­бре дој­де.

Ве­ќе до­бро ги зна­е­те кул­тур­та­та, тра­ди­ци­ја­та, на­чи­нот на жи­вот во оваа зем­ја. Што Ви оста­ви нај­си­лен впе­ча­ток?

Џи­ми: Ви­де­те јас са­кам ко­га око­лу ме­не има нас­ме­а­ни ли­ца, са­кам дру­же­ње и му­зи­ка, за­тоа нај­воз­буд­ли­ви ми се па­на­ѓу­ри­те. „Гај­да фест“ во Пех­че­во и кар­не­ва­ли­те, исто та­ка, се ин­те­ре­сен бе­лег на оваа зем­ја. Спо­ред ме­не, тоа се на­ста­ни на кои ја до­би­ваш це­ла­та при­каз­на за еден на­род. Си­те сло­е­ви на ге­не­ра­ции мо­жат да се ви­дат та­му.

crnci

Ви не­до­сти­га ли Афри­ка?

Џи­ми: На по­че­то­кот да, најм­но­гу по­ра­ди раз­ли­ки­те во ја­зи­кот, хра­на­та, тоа бе­ше те­жок пер­и­од за при­вик­ну­ва­ње. Јас бо­ра­ни­ја и гра­шок прв пат ја­дев во Ма­ке­до­ни­ја. И ка­шка­вал и си­ре­ње не е ти­пич­но за Афри­ка. Ми бе­ше чуд­но и ка­ко лу­ѓе­то ја­дат ки­се­ла зел­ка, по­ра­ди ми­ри­сот мис­лев де­ка е рас­и­па­на. А се­га ужи­вам ко­га ја­дам тав­че-грав­че. Јас по­ве­ќе сум Ма­ке­до­нец во ср­це­то, откол­ку Афри­ка­нец. Си­те зна­ат кој е Џи­ми, во мо­мен­тов по­до­бро е да се жи­вее ту­ка.

1383211_1423433574539984_1376869488_n

Да­ли ова раз­мис­лу­ва­ње го де­лат со Вас и Ва­ши­те де­ца? Ја по­се­ти­ле ли тие Афри­ка?

Џи­ми: Адамс е ап­сол­вент на Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет. Тој са­ка по­бр­зо да ста­не не­за­ви­сен и ра­бо­ти во ап­те­ка, има мно­гу при­ја­те­ли, љу­бов и на­ви­сти­на го са­ка на­чи­нот на жи­вот во оваа зем­ја. Пом­ла­ди­от син, пак, е со­се­ма спро­тив­но, тој са­ка мно­гу да па­ту­ва, на кра­тки пер­и­о­ди пре­сто­ју­вал во не­кол­ку европ­ски зем­ји. Тој е го­лем аван­ту­рист. Го­ле­ма жел­ба му е да ја по­се­ти и мо­ја­та род­на зем­ја.

Пишува: К.Н.К

(Текст објавен во 214. број на неделникот „Република“, 07.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top