| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатниот Буфон, три грешки во 798 меча (видео)

bufon

Синоќа во Торино фудбалерите на Шпанија и Италија одиграа 1-1, но ремито остана во втор план поради грешката на Буфон која ја чинеше Италија примен гол. Голманот на Јувентус сакајќи да ја исфрли топката, ја утна и му дозволи на Витоло да го постигне својот втор гол за „црвената фурија“.

Сепак, никогаш не можат да му замерат фановите на „азурите“ ниту пак на неговиот клуб Јувентус. Во досегашните 798 натпревари во неговата кариера ова е само трета грешка. Првата се случи пред неполни 20 години кога Буфон беше член на Парма, а тогаш во дресот на младинската селекција на Италија, исто така,  ја утна топката и да ѝ подари победа на Англија од 1-0. Тогаш тој тврдеше дека е фаулиран, но главниот судија покажа на центарот.

Последен пат Буфон направи грешка во 2012 година која Јувентус можеше да го чини губење на шампионската титула. „Старата дама“ имаше 1-0, но Бертолачи ја искористи грешката на Буфон и на Јуве му одзеде планирани два бода. Сепак, Милан не успеа да слави над Интер и титулата се славеше во Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top