На средбата со Ричард Хас, Груевски ги афирмираше приоритетите на Република Македонија во однос на надворешната политика, при што особено беше истакната заложбата за членството во НАТО како наша стратегиска определба. Тој го запозна соговорникот со деталите од емигрантската криза како и мерките кои ги презема државата во насока на превенирање на пошироки последици. Истовремено Груевски го запозна Хас и со политичката состојба во државата како и со значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза.
Советот за надворешна политика на САД е организација со седиште во Њујорк, со повеќе од деведесетгодишна традиција и едно од највлијателните тела кое ги одредува насоките по кои се одвива надворешната политика на САД. Советот обединува политичари, дипломати, банкари и финансиери, професори од угледни универзитети кои се вклучени во креирањето на политичките процеси на САД кои се дел од нивната надворешна политика.
–Разговаравме за Македонија, за односите помеѓу Македонија и Америка, за предизвиците кои што ги имаше и има државата, и можните идеи и начини за напредокот на Македонија во иднина како и натамошните чекори кои што треба да се прават за разрешување на различните видови предизвици. Разговаравме за мигрантската криза и со предизвиците со кои се соочи Македонија во времето на мигрантската криза. Начинот на кој што се справуваше и сите ризици кои што произлегуваа и сѐ уште произлегуваат од можноста таа повторно да се разгори. Разговаравме и за повеќе значајни работи во делот на односите помеѓу Македонија и САД, за нашето сојузништво, партнерство и за сите оние работи кои може да бидат предмет на заедничка соработка во иднина. Наша стратешка заложба е земјата да се вклучи во НАТО и во ЕУ и во тој поглед разменивме мислења за натaмошните правци како да се работи да се оствари оваа наша стратешка цел.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Њујорк оствари средба и со претседателот на Американскиот еврејски конгрес Џек Росен. Оваа организација преставува влијателна тинк-тенк групација која располага со значителни финансиски средства и политичко влијание. Груевски и Росен разговараа за добрите и пријателски односи кои се негуваат со еврејската заедница, чекорите кои се преземани од страна на Македонија кон негување на традицијата и заштита на културното наследство на еврејската заедница присутна во Македонија. Со оглед на тоа дека Американскиот еврејски конгрес преставува влијателна организација во САД, се разговараше за можностите за зацрвстување на соработката и нивната помош во насока на интензивирање на македонско американското пријателство.
Груевски претходно оствари средба и со Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите.
– Разговаравме за македонските напори да се унапреди ситуацијата и положба на државата на меѓународно ниво, зборувавме и за теми каде имаат напредок, како што е образованието, справувањето со проблемот на мигрантите и други области. Кога станува збор за членството во НАТО, Македонија работи напорно, ги поддржувам напорите на Груевски да се придружат во НАТО и значајно е да се земе предвид напорната работа која ја презема македонската влада на тој план. Постојат на глобално ниво премногу предизвици, но Македонија и нејзиното раководство работат напорно државата да ја насочат кон правилна насока и правец.
Груевски оствари и средба со Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, единствената граѓанска организација на НАТО.
–Имавме одличен разговор со Никола Груевски, зборувавме за посветеноста во остварување на целта за интеграција во НАТО на вашата земја, нешто на што заеднички работиме напорно. Македонија поминува низ важен период и важни избори кои престојат, исто како и Америка која го чека завршетокот на изборите и откако тие ќе поминат, ќе се внесе енергија и надеж во атланските интеграции со цел да се финишираат интеграциите на сите земји од Западен Балкан вклучително и Македонија, изјави Вилсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)