На денешен ден пред 15 години почина пејачот и композитор Родољуб Роџа Раичевиќ, кој беше пронајден мртов во својот стан. Почина на 44 години, а остана запаметен на просторот на поранешна Југославија по многу хитови.
Еден период беше дел од составот „Рокери с Мораву”, а се оствари и преку многу дуети со Лепа Брена, Ана Бекута, и секако најпознатиот, песната „Године иду”.
Го нарекуваа новиот Тома Здравковиќ, нижеше хит по хит, а кога закажа голем концерт, беше пронајден мртов во својот стан. Според официјалните податоци, причина за смртта е предозираност со кокаин, но други детали не се познати.
Предозираноста со кокаин најчесто е проследена со гушење или прекинување на работата на срцето, а обдукцијата на пејачот не покажа вакви проблеми. Неговата смрт поради тоа сеуште е мистерија.
Кружеа гласини и дека починал од СИДА, па и дека се замерил со криминалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)