Славните патики од филмот „Враќање во иднината” со врвки кои сами се врзуваат се достапни за јавноста. Направени се 100 рала на овие единствени патики, а тие ќе чинат само 10 долари.
Патиките се викаат „Nike Mags“ и станаа познати кога се појави второто продолжение на спомнатиот филм затоа што ги носеше главниот јунак Марти Мекфлај.
Сите кои сакаат да ги поседуваат овие патики ќе може преку апликација на компанијата со тикет по цена од 10 долари кој потоа ќе се користи во извлекување.
Патиките ќе можете да ги добиете доколку учествувате на онлајн лотарија, каде што сите учесници донираат по 10 долари на самиот влез на Мајкл Џ. Фокс фондацијата за Паркинсови истражувања. Не постои ограничување на учесници. Среќните добитници ќе бидат известени на 17-ти октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)