Пријателите на младата кралска двојка имаат информација дека терминот за породувањето е 13 јули, и тоа точно за време на четиридневната прослава на 60 години од крунисувањето на кралицата.
Се очекува дека Кејт да биде во приватната болница Сент Мери, во истата болница во која се родил и Вилијам.
Медиумите на островот веќе составиле листа на познати личности што се родиле на 13 јули и пишуваат дека бебето ќе биде во „добро друштво“. Имено, тогаш се родени и Фрида Кало, Јулиј Цезар, Харисон Форд …
Официјално, од палатата велат само дека Кејт ќе го роди бебето во јули, но не сакаат да ги коментираат датумот, како ни полот на бебето. Ако војвотката од Кембриџ роди ќерка, таа ќе биде трета во редот за тронот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


