| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозна тепачка во Европскиот парламент: Се истепаа пратеници, еден колабираше

Стивен Вулфи, европски парламентарен застапник на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) заврши во болница во Стразбур по судирот во текот на состанокот на европските застапници на таа партија.

pretuceni-stiven-vulfi-foto-ap-1475780145-1006661-80604

Во кусата изјава за јавноста в.д. претседателот на партијата Најџел Фараж рече: „Длабоко жалам што по судирот кој утрово се случи на состанокот, еврозастапникот на УКИП Стивен Вулфи колабираше и мораше итно да биде однесен во болница. Неговата состојба е сериозна. Чекам детални медицински наоди по што подетално ќе ве известам“.

stiven-vulfi-foto-reuters-1475780222-1006663

Според извори од партијата, Вулфи имал „епилептичен напад“ и потоа се онесвестил по физичката пресметка со колегата Мајк Хокемом. Вулфи и Хокемом наводно се скарале поради шпекулацијата дека Вуфи би можел да пребегне во Конзервативната партија.

Меѓутоа нешто подоцна Вулфи даде изјава од болница во која порача дека е добро и дека ќе остане ноќеска таму поради дополнителни анализи, јави Гардијан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top