| четврток, 6 декември 2018 |

12 години чека погубување: Убијте ме веќе еднаш! (Видео)

Осуденикот од Тексас, кој се изјаснил за виновен за убиство на брачен пар соседи пред 13 години, бара над него да се спроведе смртната казна на која е осуден и не сака нејзиното извршување да се одолговлекува.

58-годишниот Барни Фулер побарал да се повлече неговата жалба на пресудата, за да се забрза погубувањето со смртоносна инекција закажано за вечерва.

Доколку смртната казна се спроведе, Фулер ќе биде седмиот осуденик кој бил погубен оваа година во Тексас, и прв за шест месеци во таа американска држава со најголем број на погубувања во САД. Тоа би било дури 16. погубување оваа година во САД, каде опаѓа бројот на извршени смртни казни.

Сојузниот судија на почетокот на оваа година пресудил дека Фулер е способен да биде погубен поради убиство на своите соседи во мај 2013. година.

Фулер го убил 43-годишниот Нејтан Копленд и неговата 39-годишна сопруга Анет во нивниот дом, на околу 160 километри северно од Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top