| четврток, 6 декември 2018 |

Познат составот со кој ќе настапи Ангеловски на вечерашниот дуел со Израел

Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски со играчот на италијанскиот Палермо, Илија Несторовски ќе го стартува денешниот натпревар против Израел во квалификациите за СП 2018 кој од 20:45 часот го играме на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Не менувајќи ја формацијата од првиот дуел со Албанија (3-5-2), Ангеловски овој пат во првите напаѓачки редови, покрај капитенот Горан Пандев, ќе го смести и Несторовски, кој во новата сезона игра во одлична форма во редовите на Палермо.

Токму поради тоа, пак, Езгијан Алиоски сега ќе дејствува нешто порезервирано во офанзивниот среден ред заедно со Ферхан Хасани. По десната страна стандардно ќе биде Стефан Ристовски, а лево Леонард Жута, заедно со уште Милован Петровиќ на средината.

Во однос на дуелот со Албанците, промена ќе има и меѓу тројката централни дефанзивци. Покрај Даниел Мојсов и Кире Ристевски, сега се очекува да биде младинскиот репрезентативец Дарко Велковски, кој дополнително влезе меѓу сениорите како замена за Ванче Шиков кој, поради повреда, нема да може да настапи.

Промена ќе има и на голманската позиција каде сега од првата минута треба да биде Мартин Богатинов, место Костадин Захов кој бранеше против Албанија во Скадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top