Со цел патувањата да поминат без компликации, секогаш имајте на ум неколку важни работи. Европа не е „егзотична“ и не би требало да очекувате поголеми проблеми на патувањата. Сепак неколку препораки ќе ви бидат од корист:
Не потпирајте се многу на кредитните картички
Секако дека со нив ќе плаќате во голем број продавници и ресторани, но во кафулињата или продавниците на сувернири често нема да можете. Затоа со себе секогаш имајте готовина, така е многу поедноставно.
Облекување
Ако знаете дека тој ден ќе одите во посета на храмови и на цркви, понесете нешто со долги ракави.
Земање на првите организирани тури на кои ќе наидете
Доколку веќе сте се одлучиле за тура низ градот, без разлика дали тоа е возење со автобус или шетање и разгледување со водич, претходно распрашајте се за тоа која е најдобрата. Сè и сешто се нуди, а не морате токму вие да бидете тие што ќе платите скапо за нешто што не вреди.
Не очекувајте бесплатна вода
Ниту кошничката со леб. На многу места има бесплатна, особено водата во бокал, но немојте да се изненадите доколку ви наплатат и за тоа.
Учење на основни зборови од јазикот во земјата каде што одите
Убаво е да се потрудите и да научите барем како се кажува „благодарам“, „молам“ или „добар ден“ во земјата која ја посетувате. На тој начин покажувате почитување кон домаќините, а ова посебно би можело да ви користи во помалите места, каде многумина не знаат ниту англиски.
Носење преголем куфер
Заборавете на тоа и земете патна торба со нормална големина. Бидете рационални, не ви требаат многу работи за неколку денови во друг град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Цукерберг ги призна грешките, најавува подобра заштита на податоците
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)