Роџер Федерер се враќа на тениските терени на почетокот на 2017 година и ќе биде дел од натпреварите во Хопман kупот, кој се игра во Перт. Турнирот се игра од 1 до 7 јануари.
Освојувачот на 17 грaнслем-титули во Перт ќе настапи заедно со Белинда Бенчиќ и ќе се обиде да го освои турнирот, кој е е еден вид подготовка за Отвореното првенство во Австаралија. Бранители на титулата се Австралијците Ник Киријос и Дарија Гаврилова.
Последен меч што го одигра 35-годишниот Швајцарец е полуфиналето на Вимблдон, во кое загуби од Милош Раониќ. Потоа замина на операција на коленото, што значеше и крај на оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.