Во текот на денешниот ден започнува јавниот повик за две нови мерки за самовработување, најави заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во денешното гостување на „Радио Слободна Македонија“.
– Станува збор за кредитирање за самовработување за млади до 29 години, како и кредитирање за отворање нови работни места во постојни компании за млади до 29 години. Овие мерки имаат уште поповолни услови од оние кои беа досега. Имемно, секое млад лице до 29 години може да земе кредит од 7.500 евра со грејс период од 1,5 година и со 1% камата. Додека, пак, за отворање нови работни места може да земе кредит по 4.000 евра. За оваа мерка се обезбедени вкупно 23.000 евра – појасни Спасов.
За компаниите што сакаат да вработат млади до 29 години, истите можат да искористат по 4.000 евра за ново работно место.
-Односно, максимум 12.000 евра за 3 нови работни места. Овие мерки беа дел од нашата предизборна програма кои започнавме да ги реализираме уште во првите 100 дена. Изминатиот период 500 млади лица се самовработија, а оваа година повторно обезбедивме средства за четирите мерки, односно околу 72.000 евра се на располагање – додаде Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите