| четврток, 6 декември 2018 |

Во моментов се случува најскапиот развод, а не е оној меѓу Анџелина и Бред

Додека светот ги следи случувањата околу распадот на бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит, во Велика Британија се одвива најскапиот развод во историјата на земјата.

Имено, 68-годишниот британски мултимилионер Ричард Каринг би можел да остане без 350 милиони фунти, кои би требало да и ги исплати на неговата 67-годишна сопруга Џеки, затоа што ја заменил за двојно помлада убавица.

3925055800000578-3824319-image-m-41_1475709039382

Успешниот британски бизнисмен по 45 година брак ја напушти поранешната манекенка и се пресели во 32-милиони фунти вредна лондонска вила со 35-годишната атрактивна Бразилка, Патриција Мандини, со кој веќе има и син.

Разделбата меѓу Ричард и Џеки се случила уште во април годинава, но сега пред поранешната двојка претстои многу скапа бракоразводна парница, пишува „Сан“.

Милионерот ја сретнал Џеки во 1948 година на една модна ревијата, а само три дена подоцна таа се откажала од кариерата на модел за да биде со него. Тие имаат два сина – Џејми, кој е потпретседател на Европската филијала на Ем-Ти-Ви и Бен, кој е вработен во „Сохо Хаус“.

Се проценува дека Ричард „тежи“ околу 8,7 милијарди фунти, а во британските кругови е познат по луксузните забави каде редовно биле канети најпознатите ѕвезди и „кремот“ на лондонскиот ноќен живот. На отворањето на неговите ресторани редовно беше во друштво на убавици, додека неговата сега веќе поранешна сопруга медиумски не се експонираше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top