Апсолутна доминација на кениските атлетичари на седмото издание на скопскиот маратон, со победа и нов рекорд на патеката за Вајклиф Кипкорир Бивот. Тој прв мина низ целта со време од 2 часа, 21 минута и 56 секунди, што е за речиси две минути од актуелниот рекорд. Бивот си ја заслужи наградата оид 1.700 евра и бонусот од 300 евра за рушење на рекордот. Зад него целта ја мина неговиот сонародник Елиша Кипротич Сејв, а трет беше ланскиот шампион Патрик Вамбугу.
Кај дамите имаше две Кенијки што учествуваа и за нив е и победата и второто место. Каролин Кипруто е шампионка со рекордно време од 2:47, 31 со што и таа добива вкупна награда од 2 илјади евра. Второто место го освои Хелен Јепкосгеи, а единствена што се вмеша на победничкиот подиум, со извонредните претставници на Кенија, е Романката Алина Нитулеаса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


