| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко, Лино, Марија, Спејко: Сите на трибини, да навиваме за Македонија!

Претстатвници на македонската културна и спортска сцена се обединија во желбата да ја наполнат националната арена „Филип Втори“ за поддршка на фудбалската репрезентација на Македонија во претстојните натпревари.

Израел гостува денеска во Скопје, а на 9 октомври на „Филип Втори“ доаѓа силната Италија. На 11 октомври младинската репрезентација игра против Шкотска за пласман на ЕП 2017 во Полска.

Во овој видеоповик се обединија Сашко Коцев, Дарко Спејко, Маријана Станојковска, Зорица Црношија, Благоја Георгиевски – Буштур и Лино Червар.

Сите натпревари ќе се играат на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top