Македонските атлетичари како да се претплатија на вторите места на полумаратонот во Скопје и по Кокан Ајановски во машка конкуренција, на второто скалило од подиумот се искачи и Ениса Тасевска. Таа влезе на целта на патеката од 21 километар зад победничката Даниела Барач од Србија. Третопласирана беше Сибила Маерс од САД.
– Задоволна сум од трката и од пласманот. Времето е како нарачано за вакви трки, а манифестацијата е одлично организирана. Секоја година е се подобро, а и публиката помасовно ги следи трките – рече Тасевска по пристигнувањето на целта. Во тек е главната трка во маратонот, делница од точно 42 километри и 195 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


