Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, исплатата ќе се реализира во неколку транши, овој и наредниот месец.
-Со првата транша вредна 118 милиони денари ќе бидат опфатени 947 предмети или 25 отсто од засега утврдените четири илјади. Граѓаните да бидат сигурни дека Владата ќе го реализира ветувањето дадено во август и ќе ги обесштети сите што беа зафатени од поплавите- нагласи Ѓорѓиев на пресконференција.
Според него, првата транша би требало да се реализира до крајот на оваа недела. Досега, нагласи порптаролот, Владата има исплатено аванс од 30.000 денари по предмет за вкупно 3.074 предмети.
-На овие лица ќе им бидат доплатени уште толку пари, колку што е висината на вкупната штета, додека оние лица кои не добиле аванс, ќе бидат одеднаш обесштетени на вкупната проценета штета, а такви се околу 1.000 предмети. Од вкупно 947те предмети во првата транша, околу 100 биле авансно исплатени. Кај лицата кои немаат добиено аванс, обесштетувањето, наместо во два чекора, прво со аванс па доплата, ќе се реализира директно, со целосна, 100процентна исплата на отштетата или оние кои добиле авансна исплата ќе добијат целосна, комплетна исплата која ќе претставува разлика од вкупната проценета штета и авансната исплата. Ако по основа на предмет била исплатена авансна исплата од 30.000 денари, а вкупната проценета штета е 330.000 денари, сега по основ на тој предмет ќе бидат исплатени дополнителни 300.000 денари, затоа што 30.000 денари веќе добиле со авансот. Оние, пак, кои не добиле авансна исплата ќе добијат директно комплетна исплата на целата штета. Ако некој имал штета од 22.000 денари ќе ги добие овие 22.000 денари веднаш комплетно. Или ако некој имал штета од 100.000 денари, а не добил авансна исплата тогаш при комплетната исплата ќе ги добие сите 100.000 денари одеднаш- објасни Ѓорѓиев.
Како што беше ветено, исплатената целосна отштета ќе биде во висина од 100 отсто од проценетата штета.
-Исплата на 100 отсто отштета од висината на проценетата штета го прават многу малку земји во светот. Овој факт за 100 отсто обесштетување од проценетата штета е централна суштина и фокус на овој процес и потценувањето и минимизирањето на овој факт е некоректно и погрешно, напротив тој факт би требало соодветно да се акцентира и вреднува- подвлече владиниот портпарол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)