| четврток, 6 декември 2018 |

При мелење пиперки со бормашина си ги откинале прстите

ajvar

Тројца мажи во Kавадарци изгубиле прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на електрична бормашина, дознава „Дневник“.

Немилите настани се случиле изминативе неколку дена, а вчера сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев.

– Станува збор за три лица кои на нашето одделение беа примени со трауматски ампутации на прсти, повреди настанати при мелење пиперки за ајвар со електрична бормашина. Kако што самите ни објаснија, на сите нив им бил потфатен по еден прст додека дотурале пиперки во машинките за мелење. Притоа им биле откинати врвовите од прстите – изјави Kулев за „Дневник“.

Поради сериозноста на повредата, тројцата средовечни кавадарчани морало да бидат оперирани.

Секоја година за време на традиционалното подготвување зимница се прават истите грешки при правењето ајвар. Особено откако производството на традиционалниот македонски специјалитет се модернизира, па струјата наместо раката влезе и во мелењето на пиперките и мешањето на ајварот.

– На сите што во овој период интензивно се преокупирани со подготвувањето храна за во текот на зимата им препорачуваме да бидат внимателни и да не брзаат додека работат, особено на оние што во тој процес ја вклучуваат и електричната енергија с` со цел вакви повреди да немаме во иднина бидејќи мала невнимателност може да им го наруши здравјето – рече докторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top