| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Петровски со факти против Трајанов: Додека тој министерувал со МВР, имало активно следење видни членови на ВМРО-ДПМНЕ

Филип Петровски, директорот на ДАРМ, со факти го демантираше Павле Трајанов и со досиеја докажа дека додека Трајанов министерувал со МВР, сѐ уште имало активно следење на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Павле Трајанов пред два дена во изјава за „Мета“, очигледно засегнат од кажаното на промоцијата на едицијата „Црните страници на УДБА“ , издадена од страна на ДАРМ, во кое, меѓу другото, беше потенцирано дека имало следење на луѓе, конкретно членови на ВМРО-ДПМНЕ и времето кога тој бил министер во МВР.

-Тоа се халуцинации на лицето што го спомнавте. Кога јас станав министер за внатрешни работи, веднаш издадов наредба да прекинат сите вакви активности и следење лица од политички или идеолошки причини. Во тоа време, 99 осто на раководни позиции на службите во МВР беа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Што се случувало по 2000 година не знам. Инаку, да имаше нешто такво, веднаш ќе ме лустрираа, изјави Трајанов.

sledenja-640x872

Директорот на ДАРМ, Филип Петровски, во своето вчерашно гостување во емисијата на Јанко Илкоски, „Јади Бурек“ , во која ја промовираше едицијата, со факти го демантираше Трајанов.

-Денеска беше негирано од страна на Павле Трајанов дека имало следење на ВМРО-ДПМНЕ во време кога тој бил министер, а беше министер во Влада на ВМРО-ДПМНЕ, еве ја и од тука да му кажам, дека во Томот број 8 постојат документи за дерегистрација во негово време кога тој бил министер, што значи или незнаел или знаел, а се прави дека незнаел или не ја говори вистината или бил игнорант, ако бил игнорант тогаш не бил соодветен, рече Петровски.

Дополнително Петровски презентираше досиеја кои биле водени за луѓе-видни активисти на ВМРО-ДПМНЕ во текот на 2000-та година , токму во времето кога Павле Трајанов бил министер во МВР.

„Еве кога е дерегистриран господинот Стеван Билјаноски кој што е виден функционер на ВМРО во тоа време во 2001 година. Дерегистрирање значи дека го затвораат досијето, дека до тој ден се води досије за тој човек. Но датумот е битен кога е дерегистриран. Имаме редица, плејада на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кој што се водени во време на минестерување на господинот Трајанов“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top