| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед: Забременив 13 пати за да не ме тепа

Сузан Вајс трпела застрашувачко малтретирање цела деценија, а единствените периоди кога градинарот Џејсон Вајс не ја напаѓал својата жена било кога таа била бремена. Во очајнички обид да го спречи тепањето Сузан настојувала да остане бремена што е можно почесто. Таа забременила 13 пати, но родила само четири деца. Конечно собрала храброст да го напушти сопругот и да го смести во затвор, откако пијан и бесен се обидел да ја убие додека нејзините две деца биле дома. Таа ноќ побегнала од дома така што го гризнала за тестисите доволно силно и добила можност да побегне кај соседите кои повикале полиција и брза помош. За овој напад Џејсон е осуден на четири години затвор, а Сузан се појалила во „This morning“ за да ги охрабри и другите жени кои се во слична ситуација да ги напуштат насилниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top