По враќањето од едно утринското трчање, Џенифер Гарнер ги шокира папараците кои трпеливо ја чекаа.
– Бред и јас сме заедно, им дофрли тивко Гарнер.
Репортерите од жолтиот печат, кои секогаш се желни за ексклузивни информации, веднаш почнаа со испитување и потврда на таа шокирачка вест, по што ѕвездата на „Алијас“ додаде: „Нели е тоа одлично? Да!“.
Сепак, многумина препознаа сарказам во нејзините зборови, иако моментно сите љубопитници се опседнати со нејзиното раскинување со Бен Афлек. А, и во Холивуд е се можно.
Бред Пит во минатото докажа дека сака девојки по име Џенифер, па можеби во оваа шега на Гарнер сепак има барем малку вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)