Американскиот кошаркар Камерун Мур почина во Охрид, откако колабираше на тренинг на кошаркарскиот клуб АВ Охрид. 26-годишниот кошаркар, синоќа прв пат се појавил на тренинг со играчите и требаше да претставува ново засилување за „галебите“ во Првата кошаркарска лига. Меѓутоа, во текот на тренингот Камерун Мур паднал како покосен на паркетот, а за жал неговиот живот не можел да биде спасен.
Веднаш била повикана брза помош која само констатирала смрт на кошаркарот со американско потекло.Причините за смртта се очекуваат по најавената обдукција на телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.