Врв на самоволието незаконското работење на Спасовски, вака Андонов ја оценува најновата наредба во МВР со која генералниот секретар на СДСМ пипсмену му наредува и забранува на дополнителниот министер јавен настап без негова дозвола.
Притоа Спасовски им забранил и на вработените за односи со јавност да дадат било каква логистичка поддршка на активностите на неговиот кабинет, а во спротивно им се заканил дека ќе следуваат дисциплински мерки.
За Андонов ова е преседан и обид за воведување на цензура и тврди дека ниту политичкиот договор ниту законот за влада му го дозволуваат ваквото постапување на Спасовски.
Андонов до Управниот суд поднел пријава за поништување на незаконските смени во МВР без почитување на процедурата и системот за кариера.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ги повика вработените во МВР да си ја вршат работата согласно закон, а тој ќе ја води комуникацијата со Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)