Повеќе од 300.000 пензионери во декември ќе добијат зголемување на пензијата од околу 670 денари или во просек зголемување од 5 проценти, поради што изразуваат огромно задоволство од оваа мерка од Владата.
За пензионерите, посебно за оние со пониски пензии ова зголемување е од огромно значење, тоа е еден проект кој значително придонесува за подобрување на квалитетот на нас пензионерите.
-Со пензиите пензионерите во Македонија обезбедуваат егзистенција на околу 900.000 луѓе, a тоа не е мала работа, бидејќи секој пензионер има внуци и во тој поглед добро е што државата води сметка за стандардот на пензионерите, вели во изјава за Нетпрес, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија, Драги Аргировски.
Пензионерите, како што посочува Аргировски, за разлика од порано, денес можат слободно да кажат дека се задоволни од плеадата мерки и проекти кои се наменети за нив.
– Пример преку мерката за бесплатен автобуски превоз, со едно качување во градски автобус, пензионерот ја враќа својата членарина, автобускиот превоз во Скопје е 30 денари. Вакви примери има и други, мерката за бесплатен туристички викенд досега ја искористиле над 37.000 пензионери. Најважно за пензионерите е државата овозможи сите пензионери, кои земат пензија под 12.600 денари, да можат да добијат бесплатно болничко лекување, најголемите трошоци кои ги имаат пензионерите се токму за болничко лекување и купувањето на лекови. Ние ќе настојуваме тој лимит од 12.600 денари да се зголеми на 15.000 денари, вели Аргировски за Нетпрес.
Просечната пензија во Македонија, со новото покачување ќе биде над 200 евра, што, како што посочува Аргировски,е највисока пензија во споредба со пензиите кои ги добиваат пензионерите во соседните држави.
–Споредено со нашите земји од соседството просечната пензија во Македонија е најголема, Србија има 190 евра просечна пензија, Албанија околу 150 евра, Бугарија околу 140 евра, Косово нешто над 130 евра. Освен тоа Македонија има најниски животни трошоци во споредба со овие земји, што докажува дека ваквите мерки навистина придонесуваат пензионерите во земјава да имаат квалитетен живот, вели Аргировски.
За потсетвање, како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, новото зголемување од 670 денари месечно, на годишно нивно, претставува зголемување од околу 8.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)