| четврток, 6 декември 2018 |

Прикажан документарецот „Слободни“ на Томислав Жаја кој говори за лицата со интелектуална попреченост

Филмот е прикажуван во Лос Анџелес, Њујорк и Торонто преку Лисабон и Венеција до Кан и многу други. Ја има освоено наградата за најдобар долгометражен документарец во Венеција, на фестивалот „Артхаус“ во Хонгконг, на „Топ Инди Филм“ и многу други

Во Центарот за дизајн „Јавна соба“ синоќа се одржа првата проекција на долгометражниот документарен филм „Слободни“ на хрватсиот режисер Томислав Жаја.

Документарниот филм „Слободни“ претставува исповед која има за цел да ја демонстрира човечноста на луѓето со интелектуална попреченост кои се набљудуваат себе си на деликатен начин и го живеат животот, а при тоа храбро се соочуваат со предизвиците што тој им ги носи.

Филмот е прикажуван во Лос Анџелес, Њујорк и Торонто преку Лисабон и Венеција до Кан и многу други. Ја има освоено наградата за најдобар долгометражен документарец во Венеција, на фестивалот „Артхаус“ во Хонгконг, на „Топ Инди Филм“ и многу други.

Во регионот и во Македонија, сè уште, постои традиционално згрижување на лица со интелектуална попреченост во институции од затворен тип, што ги прави лицата целосно гетоизирани и затворени, додека оние кои имале среќа и се сместени во локални заедници, најчесто по образованието остануваат во општествена изолација.

Филмот „Слободни“ во Скопје ќе има уште три проекции, сè со цел да го види што поголема публика и претставници од владини институции и невладини организации, студенти и средношколци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top