Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, вечерва (5 октомври) во 19 часот со пригодна свеченост, Книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи 25-годишнината од постоењето.
Матица е основана на 24 август 1991 година и во изминатите години има публикувано илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Република Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуоеканските земји. За својата богата дејност оваа куќа е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот Матица денес членуват повеќе од четириесет илјади читатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.