| четврток, 6 декември 2018 |

Го убила момчето на сеанса со насилен секс- сега бара смртна казна за себе

32 годишната Американка Џоди Ариас која во средата беше прогласена за виновна за убиство на нејзиното момче Тревис Александер, по изрекувањето на пресудата за медиумите изјавила дека повеќе би сакала смртна казна.

– Пред повеќе години реков дека попрво би умрела отколку да го минам животот во затвор и тоа важи и денес. Верувам дека срмтта е конечна слобода и би сакала својата слобода да ја добијам што побрзо, рекла Ариас.

Одлуката за тоа дали ќе добие доживотна казна или смртна казна ќе биде изречена следната недела. Ариас го убила нејзиното момче во 2008 година за време на сеанса во која се практикува насилен секс така што го прободела со нож 27 пати, му го пресекла грлото и го застрелала со два куршума во главата.

Во нејзината одбрана таа тврдела дека убиството го извршила во самообдрана бидејќи момчето станало премногу насилно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top