| четврток, 6 декември 2018 |

И „Филип Втори“ ќе добие вртелешка

Од следната пролет децата во Скопје ќе можат да се возат и на втор карусел, кој ќе биде поставен на плоштадот „Филип Втори“. Вртелешката ќе ја набави фирмата „Технометал Вардар“, која го доби конкурсот за јавната набавка. Оваа фирма го набави и првиот карусел кој е поставен на плоштадот Македонија, пишува Дневник.

– Неделава ќе го потпишеме договорот со „Технометал Вардар“. Рокот на испорака е 180 дена од потпишување на договорот. Тоа значи дека до крајот на април ќе биде поставен и вториот карусел во Скопје – информира Душан Авировиќ, директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top