Неколку деца се повредени при пад на вртелешка во Посушје, БиХ, а несреќата се случила синоќа во текот на одржувањето на манифестацијата „Илијино брдо“.
Како што наведуваат медиумите, во моментот на падот на вртелешката имало десетина деца.
Меѓутоа, за среќа, никој не е потошко повреден.
Сите повредени деца со возила на итна помош се префрлени во Здравствениот дом во Посушје, а потоа и во болницата во Мостар.
Според неофицијалните информнации, главно, станува збор за гребаници, нагмечувања и скршеници.
Причината за падот на вртелешката не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.