| четврток, 6 декември 2018 |

Возењето на рингишпилот 45 денари?

Билетот за рингишпилот на скопскиот плоштад, кој беше поставен неодамна, најверојатно, ќе чини 45 денари, објавува портaлот „Курир“.

ringispil-fdg

Сѐ уште не е одреден датумот кога рингишпилот ќе биде пуштен во употреба.

– Има дополнителни работи кои треба да се завршат. Треба да се постави билетарница, да се уреди просторот околу рингишпилот, бетонот да се премачка со боја…  – изјави Душан Авировиќ, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“.

Рингишпилот се наоѓа меѓу зградата на „Метропол“ и Kамениот мост и е со дијаметар од девет метри. Корпите во различни бои веќе се поставени, а готов е и црвено-жолтиот покрив. Има вкупно 17 коњи, по две кочии и корпи, како и 32 седишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top