Фактите и официјалните статистики на дело, погледнете колку пари се во игра во најголемите клубови во Европа.
Официјално е потврдено – актуелната екипа на Манчестер Јунајтед е најскапа во историјата, соопшти фудбалската опсерваторија CIES.
Дека парите не се проблем, управата на клубот недвосмислено покажа ова лето, кога започна со трошење, пред се со ангажирањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо.
Следуваа потписите на Ерик Баи, Хенрик Мхитарјан, потоа на големата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ и на крајот Пол Погба, кој од ова лето е сопственик на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, вреден 110 милиони евра.
CIES изнесе податок дека Јунајтед оваа сезона на трансфери и плати дал повеќе од 718 милиони евра, што е околу 100 милиони повеќе во однос на минатата година.
Рекордот претходно го држеше Реал Мадрид, кој сега е на второто место, кеширајќи сто милиони повеќе и сега има екипа од вкупно 634 милиони евра.
На третото место е Манчестер Сити, кој се засили со играчи како Стонс, Браво, Нолито, Гундоган и Сане, и формираше екипа вредна 611 милиони.
Листата од десет најскапи клубови ја комплетираат: Барселона (485 милиони), Челзи (481), ПСЖ (455), Јувентус (395), Арсенал (381), Баерн Минхен (357) и Ливерпул (356).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегај Сатано: Ватикан организира курс за истерување на ѓаволи!
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)