| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентиската Атлантида исплива на површина и стана вистинска туристичка атракција

Градот Епекуен кој цели 25 години беше под вода, неодамна повторно исплива на површина и за миг стана вистинска туристичка атракција.

epecuen4

Некогашниот туристички центар во Аргентина доживеа крах во 1985 година кога поради големите врнежи од дожд беше потполно потопен откако попуштил заштитниот ѕид.

epecuen5epecuen2

Жителите панично го напуштиле градот кој многу брзо се нашол десет метра под нивото на соленото езеро. Водостојот останал непроменет цели 25 години, а откако водата пред неколку месеци повторно се повлече урнатините на градот Епекуен кого го нарекуваат „аргентинската Атлантида“ станаа вистинска атракција за туристите.

epecuen3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top