| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија 122 во светот според посетеноста

Македонија е 122 на листата на најпосетувани земји во светот. Во 2011 година  327.000 туристи  ја посетиле нашата земја,. Прва е Франција окажуваат податоците на Светската банка. СБ ги собра резултатите речиси за сите земји во светот земајќи го во предвид секое лице кое туристички ја посетило некоја земја, а да не е службено.

Покрај Франција која го зазема првото место со 81,5 милиони туристи во 2011 година, на листата се наоѓа и Америка со 62,7 милиони туристи и Кина со 57,6 милиони посетители. На првите десет места од листата се наоѓаат и Шпанија, Италија, Турција, Британија, Германија, Русија и Малезија.

Соседството е околу нас  Србија е пред нас со 700.000 туристи, Албанија со речиси три милиони туристи, Црна Гора, БиХ, Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top