Вчера во Струга заврши Третиот конгрес на геолози.
Во вестите на Канал 5 државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова зборува за загриженоста на балканските сеизмолози што не може да се смири земјата и за дебатите на Конгресот за можните ризици од нови многу по силни земјотреси.
Според сеизмолозите Скопје и Охрид се најризични од силни земјотреси, а во Пелагонискиот регион никогаш досега во историјата немало изразена земјотресна активност.
Над 250 геолози и експерти од Македонија и странство разговараа за геологијата и општеството, фундаметалната геологија и геологијата и економијата, а беа презентирани и повеќе оригинални научни трудови на различни теми, подготвени од преку 350 автори и коавтори од повеќе земји, од кои 105 објавени во зборник на 730 страници.
Теми на конгресот беа минеролошките и петролошките истражувања, металичните минерали, хидрогеологијата и состојбата со подземните води и чистата вода за пиење, како и геологијата и археологијата, додека главен акцент ќе биде на регионалната соработка и регионалните предизвици во делот на геологијата.
Како што претходно најави државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, во фокусот на конгресот беше геологијата и нејзината поврзаност со екологијата, а целта е да се покаже дека геологијата и екологијата не треба да ги гледаме затворени во рамки на еден простор и една држава, туку како нешто многу пошироко за што мора регионално и трансконтинентално да се соработува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)